Ликовна работилница
![](https://old.giffoni.mk/wp-content/uploads/2020/09/72569956_2553405534744482_335624339535691776_o.jpg)
Ликовната работилница наменета за Јуниорите е место кадешто секој може да ја испроба својата креативност и да научи нешто ново за сликарските тајни и техники. Оваа година ликовната работилница е фокусирана на уметнички ликовни креации инспирирани од Планетата Земја. Работилницата се одвива под менторство на Моника Мотеска, дипломиран сликар со долгогодишно искуство и бројни самостојни изложби, но и богато искуство во работа со деца.
Музичка работилница
Музичката работилница оваа година ќе ѝ биде посветена на филмската музика. Учесниците ќе се запознаат со значењето на музиката во филмската уметност и со интеракцијата меѓу музиката и филмот. Низ примери и музички приказни, Лада Шоптрајанова Петровска, виолинистка и писател, ќе ги води учесниците низ дела од класичната музика користени во филмовите, но и низ музика специјално напишана за филм и низ други интересни теми.. и музички дела.
Филмска работилница![](https://old.giffoni.mk/wp-content/uploads/2022/09/30_1.35.1-1024x586.jpg)
Оваа филмска работилница е наменета за учениците чиј интерес е насочен кон филмската уметност, со желба и мотивација за креирање на аудиовизуелни содржини. Под раководство на режисерката Марија Џиџева како ментор на оваа работилница, младите ќе ги совладаат основните познавања за создавање на едно аудиовизуелно дело – краток филм и како да се користи визуелниот јазик правилно и креативно. Работилницата се состои од информативен и практичен дел во кој учесниците ќе снимаат кратки филмови и видеа.