
Алфонс Џитербит – Хаотична екскурзија
Режисер – Марк Шлихтер
(Германија)
Времетраење – 92 минути
Во последен момент Алфонс успева да стигне да го фати автобусот за училишната екскурзија до Балтичкото море. Ситуацијата се влошува кога тој ќе примети дека го помешал неговиот куфер со тој на мајка му. Но, најголемата катастрофа настанува кога тој очајно ќе се обиде да ја импресионира неговата соученичка Леони, каде што се вмешува неговиот најголем непријател Нико. Алфонс ја запечатува неговата судбина како вечен баксуз, а екскурзијата се претвора во таква што Алфонс и неговите пријатели нема никогаш да ја заборават.

Срцето на пеперутката
Режисер – Инеса Курклиетите
(Литванија)
Времетраење – 105 минути
Ова е приказната за Јуозапас, едно многу уникатно момче кое чува огромна тајна. Единственото нешто кое на него му значи е хотелот за бубачки кој сам го создал во една напуштена куќа, заедно со инсектите што живеат таму. Животот сосема ќе му се смени кога во истиот град ќе се досели Ругиле. Со неговото пријателство и помош, Јуозапас го совладува својот страв и конечно се препушта во вистинскиот свет.

Детективот Бруно
Режисери – Магдалена Ниеч, Мариуш Палеј
(Полска)
Времетраење – 104 минути
Оскар е осумгодишно сираче кое навлегува во мистериозна потрага по богатство создадена од неговите родители пред нивната смрт. Бруно е арогантен и непријатен ТВ детектив кој е решен да направи било што за да ја задржи својата публика. Судбината ги спојува двајцата, кога Оскар ќе побара помош од Бруно на кој точно тоа му треба за повторно да стане популарен. Нивната возбудлива авантура се протега низ Варшава, каде што барајќи одговори тие се пронаоѓаат себеси.

Како научив да летам
Режисер – Радивоје Андриќ
(Србија, Бугарија, Хрватска, Словачка)
Времетраење – 85 минути
Дванаесетгодишната Софија сонува за возбудлив одмор со другарките но за жал е пратена на одмор со нејзината напорна баба Марија и тетка Луце на остров во Хрватска. Досадата набрзо ја снемува откако таа запознава нови луѓе, го истражува островот, плива па дури и го доживува својот прв бакнеж. Но наеднаш настанува трагедија која го пресекува совршеното лето на Софија, и ја приморува нејзината фамилија да се соочи со болка, неоткриени тајни и стари трауми.

Детето сумо борец
Режисер – Иља Ермолов
(Русија)
Времетраење – 88 минути
Витја Касаткин има необично хоби – јапонско сумо борење. Ова е единственото нешто што го поврзува со неговиот татко кој го напуштил да оди во Јапонија. Со огромна желба и страст, Витја тренира мислејќи дека на тој начин ќе го врати татко му. Тој непрестајно се движи кон неговата единствена цел: да влезе во јуниорскиот натпревар за сумо борење во Токио. Но тој се соочува со секакви препреки и во еден момент се откажува целосно од неговиот сон. Но неговото мислење ќе се смени откако татко му ќе се врати и ќе го спречи од тоа да престане да го прави она што најмногу го сака.