Во Кинотека на Македонија на 23 април ќе биде прикажан данскиот филм „Карираниот нинџа“ синхронизиран на македонски со прокеција на филмот од 10 часот, а во 12 часот – на албански јазик. Филмот е наменет за публика над шест години.
Филмот е базиран врз книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режираше филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен. Филмот беше селектиран во детската програма на Берлинскиот филмски фестивал 2018, а рушеше рекорди во кината низ Данска. „Кариран нинџа“ е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади, како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.
Проектот Џифони Филмски Денови – Giffoni Movie Days е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Europe House Skopje, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Република Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер Џифони Експириенс.
За гледање на филмови регистрирај се на линкот:
https://tinyurl.com/movie-days
За работилница регистрирај се на линкот:
https://tinyurl.com/film-classroom