Недела 9 октомври, 16:00 – МКЦ, Фросина
Мартин Чичовски ѝ е добро познат на публиката на Џифони Македонија, од која и самиот беше дел со години. Тој и неговите пријатели од Марви Продакшн повторно гостуваат, повторно со убави новости: стартува серијата „Генерација Бушави“
Кои се бушавите и што се крие во нивните приказни?
“Генерација Бушави” е ТВ серијал составен од 6 епизоди од кои првите 4 претставуваат самостојни приказни кои во 5та и 6та епизода се поврзуваат, односно настанува судир, сите ликови се среќаваат на едно место. Ова се приказни инспирирани од животот на младите, дел од нив се и буквално базирани според реални настани со цел да го прикажат нивниот дух, став, менталитет и живот во овие бурни времиња.
Режија:
Мартин Чичовски
Продуцент:
Елена Тодорова
Оригинална идеја:
Мартин Чичовски, Елена Тодорова, Марија Додовска, Мелиса Дани и Леон Шумански
Улоги:
Аритон Положани, Јоана Симоновска, Вања Тројачанец, Тодор Стојковски, Димитрија Марковски и др.
Трејлер
Недела, 9 октомври, МКЦ – Фросина, во 16:00
Влезот е слободен, до пополнување на местата