Италијанскиот стрип во фокусот на 6ти октомври 2022
Денот на италијанскиот стрип е на програмата на 6 октомври, во МКЦ, Скопје, со серија настани организирани во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје, како дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот.
Специјални гости: Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на бројни стрип серии, меѓу кои Валтер Бујо, Меркурио Лои, но и Дилан Дог и многу други.
Од 6 октомври па сѐ до крајот на Фестивалот ќе биде поставена изложба на стрипови од италијанските автори.
Плакатот за настанот беше избран меѓу пристигнатите предлози од конкурсот спроведен во соработка со Институтот Данте Алигиери од Скопје.
Програма
15:30 – МКЦ – фоаје 1 кат – само за учесниците на конкурсот
Средба на Алесандро Билота и Серџо Џерази со авторите на првопласираните дела
16:00 – Кино Фросина – Влез слободен до пополнување на местата
Доделување на наградите од конкурсот за плакат
Средба со гостите и Q&A
Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип*
Магијата на креативниот момент, со учество на публиката
Во продолжение – МКЦ – фоаје 1 кат
Отворање на изложбата
*со учество на Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори, како и Андреа Силвестри, Амбасадорот на Италија во Скопје, во својство на страствен познавач на светот на стрипот.
Денот на италијанскиот стрип е организиран од Џифони Македонија и Амбасадата на Италија во Скопје, како дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот, во соработка со Институтот данте Алигиери од Скопје.