Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување на учесници и волонтери за десеттото издание.
Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ се враќа на голема врата за да го одбележи својот прв голем јубилеј – своето десетто издание.
Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 5-ти до 10-ти октомври на различни локации во Скопје, претежно во Младинскиот Културен Центар, Кинотеката на Северна Македонија и Кино Милениум.
Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа!
По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања.
Учеството на фестивалот е бесплатно. Можат да се пријават ученици од основните и средните училишта и тоа:
- Јуниори – од VI до IX одделение основно училиште
- Кадети – I и II година средно училиште
- Сениори – III и IV година средно училиште
Џифони Македонија е во потрага и по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат на десеттото издание и да бидат дел од тимот на фестивалот.
Повикот за пријавување за учесници и волонтери на Фестивалот е достапен на следниот линк:
Фестивалот Џифони Македонија е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот Културен центар и Кинотеката на Северна Македонија.