Фестивалот за млади на филмот „Џифони Македонија“ започна во 2013 година како иницијатива на Клаудио Губитоси, уметнички директор и творец на филмскиот фестивал „Џифони“ со билатерален договор со Агенцијата за филм на Република Македонија и ја даде довербата да започне нов фестивал под брендот „Џифони“ во Македонија. Недостаток на млада публика во киносалите во Македонија беше основна мотивација да се направи младински фестивал, но фестивалот стана многу поважен за младите отколку што се очекуваше на почетокот.
Три натпреварувачки секции за долгометражни филмови (јуниори +10; Кадетс +13 и сениори +16) и четири натпреварувачки секции за кратки играни филмови (Кратки филмови, Кратки филмови за Јуниори, Анимирани филмови и филмови направени од ученици и студенти).
Меѓународнотео жири есоставено од приближно 650 млади во 3 секции од повеќе од 10 земји кои се среќаваат на фестивалот за да дискутираат за темите од прикажаните филмови, теми кои влијаат на животот на младите, да посетуваат Мастеркласови и креативни работилници.
Фестивалот за млади на филм „Џифони Македонија“ денес е гранка на најважната културна манифестација за млади во светот „Џифини Експириенс“ на филмски фестивал од Италија и во изминатите години стана суштински центар на Балканот
Фестивалот е вистинско искуство за младите со филмски проекции, дебати, креативни работилници, изложби, концерти, панели со целата вклученост на градот кон нови искуства на младите.
Линкови:
Web page: www.giffoni.mk
Facebook: www.facebook.com/GiffoniMK
Youtube: goo.gl/QRsjBM
Vimeo: www.vimeo.com/gffmacedonia