О2 иницијатива работи за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина. Нашата борба е борба за чист воздух, почва, вода, без ндустриски црни точки, без нови рудници, без каменоломи, диви депонии, со чисти реки и комплетно сочувана и заштитена природа. Граѓаните се спротивставуваат на секое искористување и ништување на природата, барајќи практични, одговорни решенија кои се во тек со времето во кое живееме, при тоа застапувајќи ги правата на сите граѓани за квалитетен живот во чиста и здрава средина. Кои акции може да ги преземат граѓаните за да функционираат принципите на заштита на кои државата е обврзана и мора да ги гарантира, каков притисок да се примени врз институциите за следење и анкционирање на загадувачите, и како да ги едукацираме нашите сограѓани за лична одговорност и заштита на природата.