Од август 2018, шведската тинејџерка Грета Тунберг започна со напуштање на училишните часови во знак на протест поради недостатокот од акција за справување со климатските промени на глобално ниво. За само неколку месеци нејзината форма на протест инспирираше масовно глобално движење, кое бара итни мерки за спречување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата, пред глобалната температура да го надмине критичниот праг од 1.5 степени целзиусови. Од февруари, дел од ова движење наречено #FridaysForFuture е и Македонија. На фестивалот Џифони Македонија, членови на скопскиот огранок со учесниците на фестивалот ќе ѓи споделат нивните искуства со климатскиот активизам, ќе ѓи презентираат методите на делување и ќе ѓи објаснат нивните мотиви за вклучување во борбата за заштита на животната средина во локалниот и глобалниот контекст.