ЗВУЦИ И ТИШИНА: ПАТУВАЊА СО МАНФРЕД ЕИЧЕР – документарен филм
од Петер Гајер, Норберт Виедмер
Времетраење: 88’
Синопсис
Овој документарен филм го следи славниот продуцент и сопственик на ECM Records Манфред Ајхер во неговата обиколка на светот посетувајќи неколку музички уметници кои ги застапува. Ајхер ја основаше влијателната германска издавачка куќа ECM (Edition of Contemporary Music) во 1969 година за да ја промовира музиката во којашто тој најмногу ужива. Швајцарските режисери Петер Гујер и Норберт Вајдмер го придружуваат Ајхер во период од пет години во повеќе земји создавајќи исцрпен документ за еден човек и неговата љубов кон музиката.
ЈАС НЕ СУМ ИГОР – краток филм
(2019) од Сергеј Ѓеоргиев
Времетраење: 20’
Синопсис
Четворица млади членови на навивачката група „Комити“ решаваат да направат вооружен грабеж во локалната продавница, бидејќи не можат да поднесат уште еден Албанец во нивното маало. За време на нивната акција, Игор наидува на информација многу пострашна од пиштолот во својата рака. Информација што ќе мора да ја скрие дури и од најдобрите другари.
Училишна екскурзија – краток филм
од Салваторе Алока
Времетраење: 14’
Синопсис
Четиринаесет годишната Мегалин, ќерка на имигрирана фамилија од Сенегал но родена и израсната во Италија, се труди да најде место во кое припаѓа во светот во кој живее. Кога ѝ е одбиена можноста да оди на училишна екскурзија, доаѓа перфектна можност таа да ги открие своите чувства кон нејзиниот соученик Марко. Нешто што ќе личи неотствариливо за неа, но дали ке е навистина така?
Новите комшии – краток филм
од Андреа Манино, Сара Бургио, Гиакомо Риналди
Времетраење: 6’
Синопсис
Доналд, бел националист, неможе да се справи со новите комшии, додека неговата мала ќерка неможе да сочека да си игра со новото другарче. Во смешна атмосфера од 1930 година, филмот го поставува прашањето дали има можност за коегзистенција во мир.
Пупон – краток филм
од Алесандро Гуида
Времетраење: 15’
Синопсис
Рим, пролоетта 2017 година. Саша е италијанско момче кое пораснало во „групен дом“. Како и сите негови „браќа“ тој е љубител на фудбал конкретно на тимот „AS Roma“. На 18 годишна возраст Саша е приморан да го напушти домот каде што пораснал и се наоѓа себеси всушност живеејќи ја историјата на својот најголем идол Франческо Тоти. Наскоро ќе разбере дека надворешниот свет иако му дава слобода истотака му петставува и пречки со кои многу тешко може да се справи на негови години. Потекнувајќи од вистинска приказна адаптирана за кинематографски потреби.
Првиот ден за Матилда – краток филм
од Росарио Капозоло
Времетраење: 10’
Синопсис
Денеска е првиот школчски ден на Матилда. Нејзиниот татко Клаудио треба да ја однесе во школо, но тој не дошол. Дедо ѝ одлучува да ја однесе пешки и на пат кон школо им се придружува Клаудио за да зборува со неговата ќерка и да ѝ даде неколку совети за како да се соочи со овој клучен ден во нејзиниот живот. На крај ќе каже нешто друго пред да ја прифати неговата судбина.
Брат – краток филм
од Бепе Туфаруло
Времетраење: 15’
Синопсис
Кога тие се приморани да се разделат, 10 годишниот Али и неговиот 18 годишен брат Мохамед веќе патувале долго време. Пред три години експлозија во нивниот дом во Кабул им ѓи одзема родителите и ѓи остава бездомници.
Светлина – краток филм
од Мартин Чичовски
Времетраење: 30’
Синопсис
Хана е 17 годишна девојка која не добива доволно внимание од нејзините родители. Откако таа ќе го запознае Емануеле, се се менува за подобро. Нивната врска станува толку интимна, Хана не може да си го замисли животот без него. Се додека не забремени и остане сама, што ќе се случи следно ќе остане со нејзе до крајот на нејзиниот живот.
Фамилијата Марковски – краток филм
од Даријан Пејовски
Времетраење: 40’
Синопсис
Фамилијата Марковски e емотивна приказна за борбата на една фамилија да остане заедно и покрај бројните предизвици на животот во дисфункционално и корумпирано општество кое не ги почитува законите.