Прасето
(2019) 82′, (Бугарија)
режија: Драгомир Шолев
Синопсис
Румен е 13 годишно момче кој е секојдневно потсмеван од децата во неговиот школски клас. Исклучен од толпата, сам и интровертен, никогаш не враќа на погрдните зборови и константното омаловажување. Но еден ден неможе повеќе да издржи и инстинктивно враќа со еден силен и најверојатно фатален удар.
Магичното огледало – двојна белја
(2019) 97′, (Германија)
режија: Маркус Х. Розенмилер
Синопсис
Фридо е весело дете и исто како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзливо во училиште. Еден ден бегајќи од расправата на неговите родители, ќе налета на магично огледало на градскиот саем. Со помош на магија ќе создаде свој двојник – кој е совршен во сè што Фридо не е. Со помош на двојникот, кој е многу добар во училиште, Фридо почнува да има сè помалку обврски. Најпрво е многу забавно што дури ќе му ја каже својата тајна на најдобриот другар Емил сè додека сите соученици не се дознаат и направат сопствени двојници. Никој повеќе не оди на училиште, па откачените двојници почнуваат да доминираат. Оригиналните деца почнуваат да сфаќаат дека им недостасува стариот живот и одлучуваат да ги преземат работите во свои раце со поставување стапица што ќе ги натера двојниците навреме да се вратат во огледалото.
Боботот
(2018) 100′, (Украјна)
режија: Макс Ксјонда
Синопсис
Летен камп. Вадјик 12 годишнен сонувач и мал лажго кој наеднаш станува аутсајдер од неговото друштво поради една непростлива грешка. До вчера беше главниот на забавата, а денес никој не сака да му биде другар. Вадјик не навикнат да биде исклучен се обидува да изведе некаков подвиг за да ја врати почитта на неговите поранешни другари. Наместо тоа се наогја себеси во сред борба помеѓу две необјасниви сили.
Професор
(2018) 116′, (Индија)
режија: Сидхарт П. Малхорта
Синопсис
Наина Матур е амбициозна професорка која боледува од „Tourette“ синдром. После неколку интервјуа и бројни одбивања, успева да се вработи во едно од најпрестижните училишта во градот. Наскоро ќе дознае дека класот кој што ѝ е доделен е склоп од деликвентни деца кои секогаш ке најдат начин да се најдат во белја. Покрај проблематичен почеток Ниана мора да им се спритистави на учениците и да им помогне да си го најдат својот вистински потенцијал.
Мојот дедо е марсовец
(2019) 75′, (Хрватска, Луксембург, Норвешка, Чешка, Сковачка, Словенија, Босна и Херцегновина)
режија: Дражен Жаркович, Марина Андре Шкоп
Синопсис
Животот на малата Уна е превртен наопаку кога ќе го види својот дедо како е киднампиран од вонземјани. Во нејзиниот подрум дознава дека нејзиниот дедо е всушност вонземјанин чиј вселенски брод паднал на планетата пред неколку години и го наоѓа неговиот пилот, мало глупаво роботче. Уна и роботот имаат помалку од 24 часа да го најдат и спасат дедо ѝ.