Младо Глупаво Срце
(2018) од Селма Вилхумен (Финска, Холандија, Шветска)
Времетраење: 102’
Синопсис
Приказна за прва љубов помеѓу слабичкиот и безгрижниот Лени и убавата и популарна Кира. Ни во врска, ни со завршено средно школо дознаваат дека се во очекување на бебе што значи дека Лени има 9 месеци за да стане маж. Пораснувајќи без татко во животот Лени добива утеха и помош од нековата чудна другарка Џејн која е дел од сегрегирачка група која штотуку се доселила во диверзитетната општина на Лени. После учеството на Лени во напад врз Џамија, и кога Кира мора да оди во болница за да се породи, Лени мора да најденачин да стане маж на негов начин иако немал шанса претходно да биде дете.
Безгласен Врисок
(2019) од Владимир Потапов
(Русија)
Времетрање: 111’
Синопсис
Според приказна од Тамара Тинберг, „Седумнаеста Симфонија“. Ленинград Февруари 1942. Завршува нај мачната блокадна зима. Нина Воронова очајна со нејзиниот 3 годишен син Митја, кој е болен. Единствен избор е евакуација. Нина приморана да го остави својот син во замрзнат апартман е евакуирана додека нејзиниот син останува да се бори против студот. Митја е спасен од млада девојка Катја Никонорова. Девојката го присвојува Митја како нејзин брат и си ветува себеси дека ке го чува и со цел да преживее. Безразлика на околностите.
Моето Име е Сара
(2019) од Стевен Орит (Поска)
Времетраење: 96’
Синопсис
Базирано на вистинска животна приказна на 13 годишна Еврајка од Полска чија цела фамилија била убиена од страна на Нацистите во септември 1942 година. По тешко бегање кон Украинските села, Сара го зема идентитетот на нејзината најдобра другарка христијанин. Се засолнува во мало селце каде е земена за жена од страна на обичен фармер. Наскоро дознава за тајните на нејзиниот претпоставен и е приморана да го крие нејзиниот вистински идентитет.
Зоокс
(2018) од Кристоф Леуе и Димирти Леуе
(Белгија)
Времетраење: 90’
Синопсис
Во кралство каде човештвото и природата е разделени, малата Робин се губи во шумата каде што го запознава Вулф, младиот принц. Робин, Вулф и неколку неочекувани придружници стапуваан кон авантура која ке го урне лошиот крал од тронот и ке го врати стариот баланс помеѓу човештвото и природата.
Внатрешниот Град
(2016) од Илкар Сафат
(Азербејџан)
Времетраење: 120’
Синопсис
Младата Арзу која живее во современ Азербејџан, се вљубува во Рафаел, синот на нејзиниот учител по пијано, кој е ветеран од Карабакхската војна. Два пати постар и неуспевајки да избега од последиците од војна, Рафаел е приморан да живее како аутсајдер. Арзу очајно сакајќи да ја избегне старата репресивна околина, која ѓи ограничува жените кон стриктен и тесен животен стил, ѓо избира Рафаел преку нејзините роднини и пријатели. Под притисок од мајката на Арзу и модроста родена од неговата сиромашност, одлучува да го направи најголемото жртвување во неговиот живот за љубов.