Животно
од Катарина Мукстајн (Австрија)
Времетраење: 96’
Синопсис
Мати и нејзината банда момчиња се чувствуваат како херои на нивното село, возејќи наоколу на нивните мотокрос мотори. Родителите на Мати – Габриеле, ветеринарка, и Пол, анкетар, се цврсто изградени личности во заедницата и сега имаат да ја завршат работата на конструкцијата на нивната нова куќа. Но кога Мати ќе ја запознае Карла, нејзниот свет станува нестабилен. Средбата со независната девојка ѝ покажува на Мати што може навистина да биде: жива и отворена, како и многу различна од нејзините компетитивни, демонстративно кул пријатели. За работите да станат покомплицирани, најдобриот пријател на Мати, Себастијан, се заљубува во неа.
Сејди
од Меган Грифитс (САД)
Времетраење: 96’
Синопсис
Сејди живее со нејзината мајка, додека татко ѝ служи постојани тури во воената служба. Нејзиниот татко прекршил многу ветувања дека ќе се врати, но Сејди го гледа како идол и се’ уште му верува. Нејзината мајка Рае е помалку трпелива, таа престанала да добива писма или повици од нејзиниот сопруг веќе години наназад. Таа не толку внесено се гледа со советникот од училиштето на Сејди, но таа навистина не размислува да продолжи понатаму се’ додека еден мистериозен новодојденец, Сајрус, не се досели од спротива. Најдобрата пријателка на Рае е Карла, која работи во локалниот бар и која има наклонетост кон недостапни мажи. Пристигнувањето на Сајрус ја нарушува рамнотежата на животот во Шејди Плејнс.
Несовршено време
од Улисе Лендаро (Италија)
Времетраење: 96’
Синопсис
Камила има 17 години; таа е добра девојка, со високи оценки и со голем сон: да стане балерина. Камила и нејзината пријателка Сара (која е исто балерина) вежбаат за една важна аудиција. Сара поминува на аудицијата, но Камила не, па ја обвинува Сара за тој неуспех. Ништо не е како што изгледа, а дејството води кон вознемирувачки и тензични ситуации.
Гулабот
од Бану Сивачи (Турција)
Времетраење: 78’
Синопсис
Јусуф е млад човек кој живее со својата сестра и својот брат во едно од предградијата на Адана. На покривот на зградата каде што живеат тој страсно ги храни и одгледува гулабите кои ги наследил од татко му. Тој е особено поврзан со еден женски гулаб кој се вика Маверди. Неговиот брат го присилува да работи и да заработува. Јусуф, кој не знае за друг свет освен оној со неговите гулаби на покривот, ќе се соочи со животот со труд и суровата реалност на неговото соседство.
Кога дрвјата паѓаат
од Марисија Никитиук (Украина)
Duration: 88’
Синопсис
Приказната за петгодишното бунтовничко девојче Витка и нејзината братучетка тинејџерка Лариса и нејзиното момче, младиот криминалец Скар, се развива во една украинска провинциска средина. Лариса се наоѓа на крстосница после смртта на нејзиниот татко. Копнеејќи самостојно да се води, селската заедница ја остракизира заради нејзината љубов кон Скар. Лариса дознава дека еднаш баба ѝ ја жртвувала својата љубов кон еден млад циган, напуштајќи го поради традиционалните вредности и мислењата на другите луѓе. Мајката на Лариса е премногу психолошки слаба за да ја поддржи нејзината ќерка. Лариса и Скар планираат да избегаат од животот со криминал, мизерија и нивните роднини. Но дали се спремни да ја платат целата цена на слободата?