Море од пченица
(2018) 82′, (Италија)
режија: Фабрицио Гвардучи
Синопсис
Три деца, Адам, Аријана и Мартино, заедно со неразделивата патка Пина,
заминуваат на авантуристичко патување низ убавините на Тоскана, живеејќи ги народните приказни од нивното детство. Патување на кое пријателството ќе ги сплоти децата и ќе им помогне да пораснат со помошта на Римандо, поет кој скита од село во село и од детското срце, кој ќе им помогне да стигнат до морето.
Лето 1993
(2017) 97′, (Шпанија)
режија: Карла Симон
Синопсис
Во трогателниот автобиографски филм на Карла Симон, шестгодишната Фрида
набљудува немо како последните предмети од станот на нејзината неодамна
почината мајка во Барселона се пакуваат во кутии. Иако нејзината тетка, чичко и
помала братучетка Ана ја примаат со отворени раце, полека Фрида започнува да се навикнува на нејзиниот нов дом на село. Разјаснет со моменти на младешка загубеност и зрела рефлексија, оваа драма за созревање, поставена низ летни нијанси, е неверојатно трогателна слика тоа да си дете во свет на возрасните, зацврстена од беспрекорните изведби на двете млади ѕвезди.
Супа Модо
(2018) 74′, (Германија, Кенија)
режија: Ликарион Вајнајна
Синопсис
Џо, итро деветгодишно девојче со неизлечива болест, е вратена во нејзиното
село за таму да го изживее остатокот од нејзиниот краток живот. Нејзина единствена утеха во ова здодевно време се нејзиниот сон да биде супер херој, што испаѓа дека е нешто што нејзината бунтовничка сестра тинејџерка Мвикс, претерано заштитничката мајка Кетрин и целото село Мавени сметаат дека
можат да го исполнат.
Лос Бандо
(2018) 94′, (Норвешка)
режија: Кристијан Ло
Синопсис
Двајцата најдобри пријатели Грим и Аксел сонувале уште од осум години да настапуваат на годишниот Норвешки Рок Шампионат. Заедно имаат бенд, Лос Бандо Имортале (Бесмртниот Бенд), но немаат басист, а Аксел, кој пее и свири главна гитара, не може да пее. Грим немал храброст се’ уште да му каже, но кога се примени на Националниот Рок Шампионат, мора да најде решение, и тоа бргу.
Одржуваат аудиција, но немаат среќа во наоѓањето на соодветен член за бендот, па приморани се да ѝ дозволат на деветгодишната Тилда да стане нивниот басист – на виолончело. Тргнуваат на лудо патување низ Норвешка. Бркани од полицијата и родителите, тие се обидуваат да стигнат до Тромсо навреме за настанот на нивниот живот.