Двајца на пијано
од Валери Игнатјев
(Русија)
Времетраење: 88’
Синопсис
Младиот пијанист Осин е примен во клиника за рак со дијагноза за Евингов сарком, каде запознава девојка, Јулија, која е талентиран уметник. Има симпатии меѓу нив и тие се обидуваат да го поминат слободното време заедно, заборавајќи на нивните дијагнози за да живеат како нормални млади луѓе. Но штом болеста се појавува, Осин сфаќа дека состојбата на Јулија се влошува и лекувањето таму е бескорисно. Верувајќи во моќта на музиката, Осин решава да го изведе делото Концерт за пијано бр.2 од Рахмањинов во клиниката, надевајќи се дека тоа ќе ѝ помогне на Јулија.
Ловец на џинови
од Андерс Волтер
(Белгија, Велика Британија, САД)
Времетрање: 107’
Синопсис
Барбара Торсон е тинејџерка кој бега од реалноста на училиштето и избледениот семеен живот, повлекувајќи се во нејзиниот магичен свет на титани и џинови. Таа ја посветува секоја минута што може во истражување на сите видови на џинови, учејќи како да им постави стапици и да ги убие. Ловењето на џинови на Барбара е постојано испрекинато од нејзината обврска да оди на училиште, каде таа не се вклопува и ја гледаат како чудна бубалица. Но со помош од нејзината нова пријателка Софија и нејзиниот училиштен терапевт, г-ца Мол, Барбара ќе научи како да се избори со нејзините џинови и да се соочи со нејзините стравови, совладувајќи ги лошите малтретирачи во училиштето, нејзината сестра и нејзиниот тежок живот дома.
Брод до ѕвездите
од Ханеке Шуте (Јужна Африка)
Времетраење: 96’
Синопсис
Гидеонета, срамежливо и визионерско девојче, живее со нејзините родители во мало гратче. Нејзиниот татко Гидеон секојдневно се бори за да ги смири нејзините стравови за клетвата на Гидеон де Ла Реј. Низ нивната семејна историја, секој Гидеон починал при луда несреќа во младоста. За да им покаже на сите дека грешат, Гидеон ја крстил својата ќерка Гидеонета. Иако Гидеонета морала да издржи незапирливо провоцирање околу клетвата, нејзиниот татко се обидувал да ја наговори дека двајцата ќе доживеат старост. Кога тој ненадејно умира, нејзиниот најголем страв се потврдува и се повлекува во мрачен свет каде нејзината имагинација дивее. Сфаќајќи дека Гидеонета треба да се тргне од клетвата, нејзината мајка ја испраќа кај нејзините баба и дедо. Таму Гидеонета го среќава Бубеси, глувонемо момче кое „тренира“ да стане астронаут. Храброто момче ја освојува нејзината доверба и тие тргнуваат на љубопитно патување на немо пријателство кое ѝ помага нејзе да сфати дека не може да се крие од смртта.
Стари момчиња
од Тоби МекДоналд
(Велика Британија)
Времетраење: 95’
Синопсис
„Преживување на најсилните“ е философијата во машкото училиште Калдермаунт. Ако не си шампион на спортскиот терен, ти си никој. Никој не го знае ова подобро од „бубалицата“ Амберсон, кој е на дното на социјалната скала на училиштето од кога се сеќава. Кога ќе дојде прекрасната ќерка Агнес на професорот по француски јазик, животот на Амберсон се превртува. Одеднаш се наоѓа во позиција на посредник за Винчестер, згодниот, но неверојатно небистар херој на училиштето. Винчестер секако го има изгледот да ја освои Агнес, но Амберсон го има паметот. Дали нашиот современ Сирано де Бержерак ќе има храброст да ѝ се открие и да застане зад тоа што е?
Ова лудо срце
од Марк Ротмунд
(Германија)
Времетраење: 106’
Синопсис
Богатото „детиште“ во неговите триесетти, Лени, живее во вилата на неговиот татко, се расфрла со парите на татко му и си мисли дека е некаков плејбој. Петнаесетгодишниот Дејвид има срцева маана уште од раѓање. Никој не знае дали ќе доживее да наполни 16 години. Еден ден, Дејвид се гуши во кревет во тмурната висококатница во која живее и неговата мајка бргу го носи во болница. Таму, таткото на Лени, кој е специјалист за срце, го заглавува неговиот син да се грижи за Дејвид. Светот на Дејвид се клиниките и операционите сали. Светот на Лени се сите женски, клубови и забави. За да си поедностави, Лени му помага на Дејвид да ги искуси сите нешта што сака да ги искуси барем еднаш пред да е предоцна, барем лесните работи: купување кул облека, крадење кола, такви работи. Тоа резултира со пријателство кое е толку сериозно, толку интензивно, толку диво, како да нема утре – што може да биде вистина.