Џифони Македонија продолжува да патува низ нашата земја. На 31 мај и 1 јуни ќе се одржи Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Гевгелија“ во Домот на култура.
Во текот на двата дена младите учесници ќе го гледаат филмови и ќе дискутираат за темите на филмовите со режисерката Марија Џиџева која ќе ја води и филмската работилница. Младите од Гевгелија ќе ја развиваат својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ќе ја води Моника Мотеска.