Подемот и падот на една диктатура во училница.
„Ловец на муви„ е топла драма за подемот и падот на еден диктаторски режим. Дејството се одвива во училница, каде во текот на еден бурен ден се запознаваме со Гани, учител со идеалистички принципи, кој останува без работа на првиот училиштен ден. Во обид да си го поврати работното место, решава да ги заклучи учениците во училницата, принудувајќи ги да го разрешат конфликтот кој со децении тлее помеѓу двете раскарани села.
Овој филм го поставува прашањето на принципите наспроти неопходноста. Колку долго еден човек ќе се придржува до своите верувања кога е соочен со изборот да остане без парчето леб?
Изер Алиу
Изер Алиу (роден во 1982 година) е Албанец со потекло од Македонија кој израснал во Шведска и е државјанин на Норвешка. Детството и младоста ги поминува во Норвешка и Шведска. По дипломирањето на Норвешката филмска школа во Лилехамер во 2012 година, започнува да снима филмови низ целиот свет, но живее во Осло. Успехот на неговиот дипломски филм „Шумарот“ го вбројува меѓу десетте надежни норвешки режисери. Филмот е номиниран за наградата студентски оскар и освојува неколку престижни национални и меѓународни награди. По дипломирањето започнува да го снима дебитантскиот игран филм „Ловец на муви“ во Македонија и краткометражниот „Добриот живот-таму некаде“ – посветен на урбаниот живот во Осло.
„Ловец на муви“ (2016 година) е нискобуџетен игран филм кој е снимен по негова иницијатива, спонтан проект кој му овозможува поблиску да се запознае со принципите на работа на едно филмско дело. Сеуште верува дека е важно авторот да задржи дел од својата наивност при создавањето на филмови, бидејќи реалноста понекогаш нуди интересно гледиште. Неговиот втор долгометражен проект „12 предизвици“ е копродукција помеѓу Шведска и Норвешка.
„Образованието кое го стекав од областа на филмот е од огромно значење за мене и ме научи на многу работи во поглед на нештата во кои верував но и нештата во кои не верував. Благодарен сум на моите професори поради кои се стекнав со знаење без кое не можам да си го замислам животот. Поради мојата работа стекнав многу пријателства и запознав луѓе кои на еден или друг начин се ангажирани во филмовите кои ги снимам.
Во поглед на моите амбиции на меѓународно поле – имам големи амбиции, и верувам дека филмот е универзален јазик за кој постојат регионални ограничувања. Верувам дека се додека функционираш локално но се изразуваш глобално, полесно е останатите да добијат увид во она што претставува суштина на нашето постоење. Ние секојдневно се соочуваме со ограничувања, но тоа не мора да важи за нашите филмови.“