Џифони Македонија е дел од најголемиот културен настан за млади луѓе во светот Giffoni Experience
Фестивалот кој започна во Италија, доаѓа во Македонија како резултат на прекрасната енергија и ентузијазам што македонските деца ги донесоа со себе низ годините на филмскиот фестивалот Џифони во Италија.
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше создаден на иницијатива на Клаудио Губитоси, креатор и уметнички директор и на GFF, инспириран од проактивните млади учесници од Македонија. Од самиот почеток на спроведувањето на овој фестивал, Агенцијата за филм, Министерството за култура и италијанската амбасада во Република Македонија ја дадоа својата континуирана поддршка и активна вклученост со цел обезбедување на успешна реализација на фестивалот и другиот придружни активности кои се составен дел на Џифони.
Примарни цели на Џифони Македонија:
- Придонесува за раст и социјален развој на младите генерации
- Активно ја обединува младата публика во единствена движечка сила – меѓународно жири, задолжено да ги оценува филмовите во конкуренција
- Овозможува децата да го збогатат своето знаење за европските приказни, земји, националности, култури и општества преку филм
- Го проширува искуството и образованието на децата и младите преку активно учество во едукативни платформи во рамките на фестивалот
- Охрабрува мултикултурна комуникација меѓу децата
- Сите учесници се членови на големото жири составено од млади луѓе
- Културен производ кој комбинира филмска програма и едукативна платформа (работилници, мастер класови и сл.)
Фестивалот Џифони Македонија се организира од здружението за медиумска писменост Планет-М Скопје со главна поддршка на Агенцијара за филм на РМ и Џифони Експириенс од Италија
За здружението за медиумска писменост Планет-М Скопје
Здружението за медиумска писменост „ Планет-М “ го поддржува развојот на младата генерација реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, како и човековите (детските) права и активна инворлвираност на младите во сите сегменти на нивниот раст и развој во граѓанското општество.
Мисијата на Здружението за медиумска писменост „ Планет-М “е да врши промоција на медиумската писменост, образиванието, културата, критичко мислење, толеранција, правото и демократијата и како и развивање на истите преку формални и неформални образовни процеси и дејствувања и вклучување на младината во нив. Во насока на реализација на мисијата здружението изготвува, развива и спроведува креативни проекти и работилници кои го унапредуваат неформалното образование и културата во современото општество за поширок образовен, културен,
економски и социјален развој. да им помогне да го остварат својот целосен потенцијал. Планет-М преку неформална едукација во разни сегменти ги едуцира и поддржува младите на нивниот раст, созревање како и постигнување на еднаквост и хармонија по родова, социјална, етничка, врска или било која друга основа, а со тоа кон намалување на дискриминацијата, булингот и насилството кај младите воопшто.
Главната алатка за мотивација и инволвирање на младите е филмската уметност најмногу преку Меѓународниот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој е гранка на најголемиот фестивал за деца и млади „Џифони Експириенс“ од Италија како и преку патувачкиот дел низ помалите градови наречен „Џифони патува“. Прикажувањто на филмови се користи за мотивирање на младите за отворена дебата на теми кои ги засегаат младите.
Значаен сегмент на активностите се меѓународна соработка и инволвирање на младите од нашата
земја во разни меѓународни проекти.