Bo сабота на 16 април од 10 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе се прикаже белгискиот филм „Вселенски момче“ во режија на Оливер Перо добитник на многу награди на меѓународни филмски фестивали. Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно и средно образование што сакаат да учествуваат на втората сесија од „Џифони филмски денови“, што ќе се организира в сабота (16 април) од 10 часот во Кинотеката. Деновите се отворени за ученици од петто одделение нагоре. Ќе биде прикажан белгискиот филм „Вселенско момче“ во режија на Оливер Перо. Младиот протагонист во ова „патување до космосот“ е 11-годишниот Џим на кој му се случува огромна промена во животот.
По проекцијата на филмот ќе следува дискусија. Може да се пријавите на следниот линк.
Иако е промовиран како филм за деца и младинци, суштината на „Вселенско момче“ е многу подлабока што го прави ова филмско остварување соодветно за лица од 7 до 77 години – пишува Петра Бранковска, во рецензијата објвена на Гледај.мк
По дискусијата за филмот, во 12 часот ќе започне „Филмска работилнца“ со режисерката Марија Џиџева. За оваа работилница може да се пријавите на следниот линк.
Проектот Џифони Филмски Денови – Giffoni Movie Days е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Europe House Skopje, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Република Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер Џифони Експириенс.
За гледање на филмови регистрирај се на линкот:
https://tinyurl.com/movie-days
За работилница регистрирај се на линкот:
https://tinyurl.com/film-classroom