Првиот ден од Деновите на филмот Џифони заврши, но тоа е само почеток. Очекувајќи нови девет филмски денови во наредните девет саботи…
Започнаа Џифони филмските денови со проекција на филмот „Патешествието на Принцот“, проследена со дискусија која ја водеше Марти Али. По кратка пауза за ужинка, се продолжи со „Филмската училница“ со режисерката Марија Џиџева како ментор, а гостин беше Леона Јариќ со два нејзини најнови кратки филмови. Џифони филмските денови продолжуваат во следните девет саботи, до 11 јуни.
Giffoni Movie days се одржува со финансиска поддршка од Европската Унија, Europe House Skopje, Агенцијата за филм на Северна Македонија и во соработка со Кинотеката на Северна Македонија, Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал Џифони од Италија.
Линк за регистрација на Giffoni Movie Days
https://tinyurl.com/movie-days
Линк за регистрација на Филмската училница
https://tinyurl.com/film-classroom